Поранешниот Светски шампион во Мото ГП, Валентино Роси на последното тестирање повторно имаше позитивен резултат и најверојатно нема да добие дозвола да настапи на неделната трка за Големата награда на Европа што ќе се одржи во Валенсија.
Брисот за тестирање бил земен вчера, но од неговиот тим најавија дека тој денеска повторно ќе биде тестиран и доколку биде позитивен тој може да се надева дека би бил дел од трката во Валенсија, а за да добие дозвола да се појави на патеката потребно е да има два последователни негативни резултати во последните 48 часа.
Доколку Роси нема да може да настапи во Валенсија од тимот на Јамаха потврдија дека неговото место ќе го заземе Герет Герлоф кој настапува во трките од Светското првенство во супербајк.