Вести Најважни Свет

Терористички напад во Ница, меѓу убиените обезглавена една жена

Три лица се убиени утринава во напад со нож во базиликата Нотр Дам во јужниот француски град Ница, вклучително и жена на која ѝ е отсечена главата, соопшти полицијата, а според властите сѐ укажува дека станува збор за терористички напад. Повредени се Сведоци велат дека при нападот напаѓачот викал на арапски господ е голем.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, на твитер објави дека полицијата го привела напаѓачот кој се обидувал да се сокрие. Според некои медиуми, тој е ранет и пренесен во болница и станува збор за 23-годишно момче. За градоначалникот, главниот виновник е исламо-фашизмот во државата. 

„Што е доста доста е, сега е време Франција да се ослободи од законите за мир и да го избрише исламофашизмот еднаш засекогаш од нашата територија“, напиша Есторзи.

Засега не е познат мотивот за нападот во Ница, ниту дали има поврзаност со обајвувањето на карикатурите на пророкот Мухамед. Сепак, обвинтиелството за тероризам отвори истрага за овој напад. Сѐ уште не е јасно и дали нападот има некаква поврзаност со нападот во Париз пред две седмици кога ученик, исто така, обезглави гимназиски професор поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе