По преговори кои таеја повеќе од два месеци, по одржаните парламентарни избори, бугарскиот парламент избра нова влада на чело со премиер Николај Денков.
Новиот Кабинет го поддржа сите пратеници од ГЕРБ-СДС, од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и двајца пратеници од ДПС – Мустафа Карадаи и Дељан Пеевски.
Според договорот, премиер ќе биде Николај Денков, а по девет месеци функцијата ќе ја преземе Марија Габриел од ГЕРБ, која дотогаш ќе биде вицепремиер и министер за надворешни работи.
На денешната вонредна седница на парламентот присуствуваше и бугарскиот претседател Румен Радев.
Новиот бугарски премиер Николај Денков изјави дека членовите на кабинетот имаат стручност и храброст да носат важни одлуки и да сносат одговорност за нив. Во последните недели, како што потсетува БГНЕС, пратеничките групи на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС вложија напори да состават заеднички владин кабинет и да спречат земјата да оди на шести последователни избори во период од само две години, кои не би донеле поинаков резултат.












