Вести Свет Топ вести

Ракетата на Илон Маск експлодираше на првиот тест лет

Компанијата на Илон Маск, „Спејс Екс“ (SpaceX) денеска за прв пат успешно ја лансираше ракетата „Старшип“ (Starship) од новата генерација, но таа експлодира во воздухот неколку минути подоцна.

Ракетата висока 120 метри беше лансирана на својот прв пробен лет без екипаж од полигонот на „Спејс Eкс“ источно од Браунсвил, Тексас.

„Спејс Eкс“ се надеваше дека ќе лета во најдобар случај 90 минути. Меѓутоа, по помалку од четири минути лет, горната етапа на ракетата не се одвоила од долната етапа и леталото експлодирало.

И покрај ова, претставниците на „Спејс Eкс“ беа задоволни од успешното лансирање и ја прогласија кратката епизода за успешен пробен лет.

Честитки до екипажот на „Спејс Екс“ за овој одличен пример на пробен лет. Научивме многу за идниот пробен лет што ќе следи за неколку месеци, напиша Маск на Твитер.

Американската вселенска агенција НАСА го избра вселенското летало „Старшип“ за превоз на астронаути на Месечината на крајот на 2025 година. Мисијата позната како Артемис III е прва таква мисија од крајот на програмата Аполо во 1972 година.

НАСА ќе носи астронаути во орбитата на Месечината во ноември 2024 година користејќи ја сопствената ракета „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System), која се развива повеќе од една деценија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе