Младо момче со оштетен вид е првиот театарски режисер со хендикеп во земјава, кој дипломирал со просек 10. Досега има режирано два филма, напишал две драми и е дел од драмското студио „Миладин“ од Струга.
Со насмевка на лицето, 27 годишниот Даниел Шикоски го раскажува својот живот како лице со оштетен вид. Досега завршил три факултети и една академија, а во план му е да се запише на уште еден факултет. Скромно пред камерата на Телма вели дека тој има големи амбиции, го вложува својот труд максимално и бара од луѓето да не го дискриминираат и да му дадат шанса како и на сите други луѓе.
Шикоски целиот свој живот e дел од многу невладини организации. Вели дека повеќе се труди да им помогне на останатите луѓе отколку на самиот себе. Се радува на туѓите успеси исто како на свој успех.
Неговиот мотив за успех е им да докаже на сите дека и луѓето со попреченост може да бидат успешни. Тој се труди и постојано постигнува бројни успеси.
Тамара Марковска













