Вести Свет

Алармантен  е бројот на заболени од Ковид во целиот регион

Алармантен  е бројот на заболени од Ковид во целиот регион. Хрватска денеска јавува за 1096 нови случаи, а медиумите информираат дека вирусот влегол и на Клиниката за онкологија. Позитивни се 10 пациенти, но и неколку медицински сестри и пет доктори. До крајот на денот можно е бројкатадополнително да се зголеми, со оглед на тоа што се чекаат резултати за 300 тестови. Починати се десет пациенти. Според здравствените власти, младите кои се собираат по кафулињата се оние кои ја шират заразата на постарите од семејствата.

Драма се случува и во Словенија. Бројот на заболени денеска е 16% , поточно 898. Епидемиолозите се одлучија повеќе да не ги бараат контактите на позитивните случаи, бидејќи се преоптоварени и немаат доволно капацитет за тоа во оваа фаза од епидемијата.

Корона вирусот неконтролирано се шири и низ другите европски држави. Германија исто така бележи рекорди, што ја натера канцеларата Меркел да и` се обрати на јавноста, и да ги предупреди дека следуваат тешки месеци. Порача Германците да се воздржат од патувања, од непотребни заеднички прослави и од групирања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Грмотевици предизвикаа пожар во близината на Штип – огнот се шири на ридовите над градот

Дејан Дејан

Целодневна дебата во Собранието за интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски

Дејан Дејан

По средбата на Јотова и Сиљановска – Бугарија очекува Македонија да ги исполни европските критериуми за членство и да ги внесе Бугарите во Уставот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе