Вести Свет Топ вести

Пропадна референдумот во Берлин за климатска неутралност од 2030

Референдумот за мерките за борба против климатските промени, што се одржа во Берлин, не успеа бидејќи не излегоа доволно гласачи.

Иницијаторите сакаа германската престолнина да стане климатски неутрална до 2030 година, а не до 2045 година, како што беше претходно планирано.

По пребројувањето на гласовите, поддржувачите на предлогот само малку предничеа пред противниците за ваквата измена на законот, се вели во соопштението на градската изборна управа.

Сепак, тој резултат исполни само еден услов за успешен предлог. Вториот услов, кворум од најмалку 25 отсто од сите граѓани со право на глас, не беше исполнет.

Постојниот закон одредува рок за постигнување на оваа цел до 2045 година, што е и национална цел на Германија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе