Свет

Нема намалување на казните за осудените од Златна зора за формирање криминална организација

За раководството на криминалната организација, односно за лидерот на Златна зора и за шестемина поранешни пратеници, нема да бидат земни предвид олеснителните околности предложени од нивните адвокати и нема да има намалување на нивните казни.

На денешното рочиште, судот ја соопшти одлуката и одобри ублажување на казните за четири поранешни пратеници, осудени за учество во криминална организација, како и за уште девет други лица.

Со отфрлањето на барањето да се земат предвид олеснителни околности, лидерот на Михалољакос и уште шест поранешни пратеници се соочуваат со казна затвор од пет до 15 години.

Во судската сала на денешното рочиште беше и поранешниот пратеник од Златна зора, а сега независен европратеник Јанис Лагос, кој побара збор и рече дека е повредена пресумпцијата на невиност и постоела директна или индиректна интервенција и од грчкиот премиер.

Во исто време со рочиштето, пред судот се одржува протест против Златна зора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Трамп повикува на безусловно 30 дневно примирје меѓу Русија и Украина

Дејан Дејан

Со голема воена парада Москва денеска го одбележува „Денот на победата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе