Во Охрид започна втората сесија од дијалогот Белград-Приштина под покровителство на ЕУ.
Претпладнево пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ кого го пречека премиерот Димитар Ковачевски.
Двајцата остварија кратка средба во вилата Билјана каде ЕУ претставниците Борел и Лајчак првин ќе имаат засебни средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти по што ќе следува заедничка средба. Во Охрид е и специјалниот пратеник на САД за западниот Балкан Габриел Ескобар.
