Свет

Продолжува рочиштето за казните на осудените од Златна зора

Претпладнево во атинскиот суд продолжува рочиштето за казните за осудените во процесот против Златна зора, откако во средата беа прогласени за виновни за криминална организација.

Во текот на вчерашниот ден, адвокатите на обвинетите ги презентираа нивните аргументи во барањата за ублажување на казните, а откако вчера, рочиштето беше прекинато во 19 часот, продолжува денеска во 11 часот.

За седуммината осудени за водење на криминална организација, односно за лидерот на Златна зора и уште шест поранешни пратеници, обвинителката вчера ги отфрли барањата на адвокатите за ублажување на казните.

Казните за осудените ќе бидат соопштени откако ќе завршат излагањата на сите адвокати, а со оглед на тоа дека станува збор за обемен предмет со над 60 осудени лица, процените се дека можеби за соопштувањето на казните ќе биде потребно уште едно рочиште, веројатно во понеделник.

Никос Михалољакос, лидерот на партијата и шест поранешни пратеници се соочуваат со затворска казна од пет до 15 години, додека пак 13 други членови на Златна зора, виновни за учество во криминална организација може да добијат од пет до десет години затвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе