Вести Македонија

Штипскиот основен суд со преполовен кадар

Преполевен е бројот на вработени во штипскиот основен суд. Недостасуваат судии, но и судски службеници, според системација во овој суд треба да се вработени вкупно 120 лица,  а во моментов во судот има 79 вработени, од кои и 13 судии. На предметите, сепак, работат 12 судии, меѓу кои и претседателот на судот, а на еден судија работното место му е во мирување, бидејќи е член на Судскиот совет. Во најголемиот суд во источниот регион испразнети се шест судиски места.

Продолжува напливот тужби во делот на работните спорови. Вработените од Министерствата за внатрешни работи и одбрана и понатаму се меѓу најбројните, кои го тужат својот работодавец, а во штипскиот суд вакви тужби пристигнуваат и од други градови во земјава.

Претседателот на судот, Андонов забележува дека постојните судии се преоптеретени со работа и ја надминуваат нормата за решавање на предмети.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе