Свет

Во Бундестагот од денеска е задолжително носењето заштитна маска

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, поради сегашната влошена епидемиолошка состојба во земјата нареди задолжително носење заштитна маска во германскиот Парламент.

„Обврската стапи во сила денеска “, соопшти Бундестагот.

Шојбле се одлучи на ваков чекор затоа што, како што рече, мора сериозно да се сфати развојот на епидемиолошката состојба во земјата.

Обврската за носење маски во Бундестагот важи за сите простории, вклучително и пленарната сала, просториите за состаноци и за протоколарни средби, канцелариите….

Во Бундестагот досега важеше само итната препорака за носење маски, но таа не беше почитувана на сите места, се наведува во соопштението.

Во просториите за состаноци, вклучувајќи ја и пленарната сала, маската може да се отстрани само доколку растојанието од другите лица е најмалку 1,5 метар.

Пратениците и министрите кои ќе зборуваат во пленарната сала ќе можат маските да ги симнат само додека зборуваат од говорницата или се пред микрофоните во салата.

Повреда на обврската за носење маска може да се казни со парична казна до 25.000 евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Секс скандал го тресе судот во Хаг, суспендиран главниот обвинител

Kristina Kuzmanovski

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе