Економија

Бесими: Мора да се вбризгаат пари во економијата

Со последното задолжување предвидено со вториот ребаланс на буџетот кавниот долг може да се зголеми на 60,5 проценти, потврди министерот за финансии Фатмир Бесими во гостувањето на Топ Тема на Телма. Бесими вели дека не е загрижен што јавниот долг ќе надмине 60 проценти затоа што целта е обезбедување повисок раст на среден рок. Вториот ребаланс на буџетот се прави токму поради тоа што имаше неколку интервениции со мерки за спас на економијата што предизвика зголемување на расходната страна, вели Бесими.

Дефицитот кореспондира со најголемата економска криза која се случува на нашата економија – повисок пад од 12,7% на квартално ниво немало во нашата економија и -6,5% пад во првото полугодие. Но тоа не е само кај нас. Тоа го имате на ниво на светската економија и на Европската унија. Тоа е глобален проблем, глобална криза. Со вториот ребаланс да проширен е буџетскиот дефицит, но средствата се насочуваат кон четвртиот пакет мерки кој е во насока на помош на граѓаните и стопанството за надминување на кризата, вели Бесими.

Тој смета дека платите на јавната администрација не треба да се скратат затоа што тие учествуваат на страната на побарувачката која сакаат да ја стимулираат.

Ние даваме во стопанството дополнителни средства за да се задржат тие работни места и истото се случува и со јавната админситрација, гледаме да има подршка за страната на потрошубвачката, вели тој.

Владата разговара со банките за законски измени си кои би се зголемил осигурениот износ во банките кој сега изнесува 30.000 евра по физичко лице – депонент и да биде 50.000 денари во случај банката да отиде во стечај, потврди министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашната Топ тема. Но, доколку се случат такви измени ова нема да важи за штедачите Еуростандард банка.

До Министерството за финансии не е стигнат предлог за намалување на ДДВ за струјата, а се уште нема никаква промена ниту за зголемување на повратот на ДДВ што сега го прават граѓаните со „Мој ДДВ“ и каде за три месеци може да се направи поврат од 1.800 денари а имаше најави дека сумата ќе биде 2.400 денари.

Во однос на „Викнед без ДДВ“, според министерот за финансии Фатмир Бесими, до крајот на оваа година ќе има само еден ваков викенд, и ќе важи само за македонски производи и компјутери. На прашањето дека за компјутерите ДДВ е 5 отсто и дека за компјутер од 30.000 денари повратот ќе биде максимални 1.500 денари, министерот за финанси вели дека мерката е скроена за да се помогне на граѓаните и дека освен оваа има и други мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе