Вести Свет Топ вести

Хакерски напад врз НАТО

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

Кибер експертите на НАТО активно работат на инцидент што влијаеше на некои веб-страници на НАТО. НАТО редовно се справува со кибер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани, изјави претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА.

Коментарот дојде по извештаите на социјалните мрежи дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ) и други сајтови, поради што беа привремено недостапни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе