Вести Свет Топ вести

(Видео) Извлечено девојче од под урнатините во Сирија

Вработените во цивилната одбрана продолжија да копаат низ урнатините во северозападна Сирија во потрага по преживеани по разорниот земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе.

Видеото објавено од Белите шлемови, ги прикажува првите спасувачи како откопуваат живо дете од урнатините на урнатата зграда во Џиндерис, град под контрола на опозицијата.

Бројката на загинати во Сирија е над 1.500-тини, но се стравува дека и тука бројката ќе се зголемува.

Спасувачите неуморно бараат преживеани меѓу урнатините во кои има метал и бетон од ефтините градби низ регионот опфатен од 12-годишната граѓанска војна во Сирија и бегалската криза.

Стотици семејства останаа заробени во урнатините, се вели во соопштението на Белите шлемови.

Северозападна Сирија, контролирана од бунтовниците, е преполна со околу 4 милиони луѓе раселени од другите делови на земјата поради војната.

Многумина живеат во згради кои се веќе уништени од воени бомбардирања.

Белите шлемови ја опишаа ситуацијата во енклавата како „катастрофална“.

Портпаролот на ОН Стефан Дужарик изјави дека 224 згради во северозападна Сирија се уништени, а најмалку 325 се оштетени, вклучително и магацини за помош.

ОН им помагаше на 2,7 милиони луѓе секој месец преку прекугранични испораки, што сега може да биде нарушено.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе