Свет

„Не се за***вајте со мене“ – Меланија Трамп тајно снимена во 2018

Телефонски разговори на првата дама на САД, Меланија Трамп протекоа во јавноста. Таа тајно била снимана летото 2018 година во екот на критиките на сметка на претседателот Доналд Трамп поради одвојување на фамилиите кои нелегално влегле во САД.

-Велат дека сум соучесник. Иста сум како него, го поддржувам. Не зборувам доволно, не работам доволно таму каде што сум, вели Меланија на снимката која тајно ја снимила Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и советничка на првата дама.

Снимките ексклузивно беа објавени синоќа на емисија на Си-Ен-Ен, каде Меланија се жали дека нејзината работа не била признаена.

„Не се за***вајте со мене“, вели Меланија за новинарските прашања во врска со политиката на Трамп за раздвојување на бегалските семејства.

„Каде беа кога Обама го правеше тоа“, се слуша на снимката.

Снимките исто така покажуваат дека на Меланија и било преку глава од подготовките за прославата на Божиќ во Белата куќа.

„Кого го заболе за божиќните глупости и украси. Но, сепак морам да го правам тоа, нели?”, негодува првата дама во разговор со Волкоф од јули 2018 година.

Претседателот Трамп уште од 2017 се пофали дека како претседател повторно ќе честита со пораката Среќен Божиќ, наместо со изразот Среќни празници кој се користел во претходните неколку години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе