Ерменија и Азербејџан ги отфрлија повиците за примирје во спорниот регион Нагорно Карабах. Русија и Франција вчера повикаа на прекин на огнот а Москва се понуди да ги организира разговорите за псотигнување трајно примирје. Најмалку сто лица загинаа од почетокот на борбите кои се најинтензивните видени во регионот изминативе години. Според државната ерменска новинска агенција, загинале 7 цивили и 80 војници. Азербејџан до сега пријави само цивилни жртви на својата страна, 14 загинати и 46 повредени. Интензитетот на борбите и денеска не навестува дека некакво примирје е на повидок.
Армијата на Карабах ги отфрли нападите на непријателот нанесувајќи му 350 до 360 жртви, 600 ранети, три соборени хеликоптери, 15 оклопни возила вклучувајќи тенкови и оклопни транспоретери, еден ракетен лансирач Смерч, шест дронови, од кои три беа соборени во текот на ноќта. Борбените активности продолжуваат со употребата на артилерија и тие добивме информации дека тие се интензивираат, тврди ерменското министерство за одбрана.
Ерменското министерство за одбрана соопшти дека нивен авион бил соборен од турски ф-16 но Анкара обвинувањето го отфрли како ефтина пропаганда. Од самиот почеток на борбите Ереван обвинува дека турски војници војуваат на страната на Ерменија, но Турција негира. Конфликтот предизвика тензии меѓу Турција која е силен подржувач на Азербејџан од една страна и Франција, каде живеат многу Ерменци и Русија, која има воен сојуз со Ерменија, од друга. Токму поради тоа турскиот министер за надворешни Мевлут Чавушоглу ја обвини Франција дека ја подржува ерменската окупација на Нагорно Карабах. Макрон пак предупреди дека воинствените пораки кои доаѓаат од Турција ја отстрануваат било каквата праведност која Азербејџан ја чуствува за повторно враќање на контролата врз Нагорно Карабах.
Игор Трајков