Свет Топ вести

Почина пациент во Хрватска- во вената му вбризгале дезинфициенс

Шеесет и двегодишен пациент починал во загрепската болница откако медицински персонал во болницата за време на хемодијализа во вената му вбризгале дезинфициенс.

Болницата прво објави дека е инјектирана погрешна супстанција, додека подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот му бил даден интравенски наместо локално.

Запрашан како е можно да се случила таква грешка, д-р Тошиќ-Грлач вели дека дезинфициенсот во болниците е вообичаено средство кое се наоѓа на количките на медицинските сестри.

„Грешката е можна и, за жал, се случи“, рече таа, пренесува порталот „Индекс“.

Според соопштението на болницата врз пациентот, кој бил во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус, завчера била извршена рутинска терапија на хемодијализа.

„За време на постапката интравенски е применето недозволливо средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментно преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лекување, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција – се наведува во соопштението од болницата.

Министерот за здравство, Вили Берош, во Загреб изјави дека во болницата е испратена здравствена инспекција и потврди оти постои сомнеж за стручна грешка.

Телото на 62-годишникот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминологија во Загреб, каде што треба да се утврди од што точно починал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе