Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле денеска доаѓа во Скопје. Предвидено е да има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.
Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан. Шоле својата посета ја најави за крајот на прeтходната година, но поради здравствени причини беше одложена.
Во понеделникот и амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер посочи дека борбата со корупцијата и натаму останува во фокусот на официјален Вашингтон, како и дека тоа ќе биде една од темите на денешната средба.
Посетата на Шоле на земјава е во рамки на балканската турнеја, за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.