Вести Најважни Свет

Почина Џанлука Виали

Познатиот фудбалер Џанлука Виали почина на 58 годишна возраст. Поранешниот италијански репрезентативец почина во болница во Лондон од последици на рак на панкреасот, болест со која се бореше од 2018 година.

Виали е роден на 9 јули во 1964 година во Кремона. По добрите партии во Кремонезе направи трансфер во Сампдорија во 1984 година и за осум сезони одигра 327 натпревари и постигна 141 гол. Четири години настапуваше и во дресот на Јувентус (145 меча/53 гола), а последните три години од кариерата го мина во лондонски Челзи.

За Италија одигра 59 меча во кои постигна 16 гола.

Виали е еден од ретките фудбалери кои ги освои сите трофеи во европските купови – Купот на шампиони со Јувентус во сезоната 1995/96, Купот на УЕФА со Сампдорија во сезоната 1992/93 и Купот на победниците на купови (КПК) со Челзи во сезоната 1997/98.

По завршување на фудбалската кариера беше менаџер на Челзи, потоа седна и клупата на Вотфорд, а во последните години работеше како асистент на Роберто Манчини во стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе