Вести Свет

Продолжува конфликтот во Нагорно-Карабах, расте и бројот на жртви

Судирите меѓу армиите на Ерменија и Азербејџан во Нагорно – Карабах продолжуваат со ист интензитет веќе трет ден. До сега е потврдена смртта на најмалку 100 лица од кои 84 се војници главно на страната на самопрогласената република. Азербејџан нема пријавено загуби во воен персонал но тврди дека во борбите загинале 7 цивили.

И двете страни тврдат дека нивните сили ја имаат предноста во конфликтот.

„Конфискувавме десетици парчиња од нивната воена опрема. Се бориме со нив користејќи ја нивната опрема и тоа го правиме многу успешно.“

Жителите на Ереван собираа хуманитарна помош за цивилите погодени од борбите во Нагорно Карабах, но жителите на Баку стоеја во ред пред пунктовите за мобилизација.

Од овој момент по наредба на претседателот луѓето се собираат за делумна мобилизација. Делумната мобилизација се однесува на мажите под 32 годишна возраст, тие кои се сметаат за подобни поради нивните професии., вели Ниџан Гасанов – Воен командант на Бинагади

Советот за безбедност на Обединети нации на барање на европските држави денеска ќе одржи итна седница за Нагорно-Карабах. Генералниот секретар побара прекинување на борбите и враќање на преговарачката маса.

Западот стравува дека во конфликтот можат да се вклучат и други држави, пред се Турција, која отворено го подржува Азербејџан, и Русија, која има воена база во Ерменија.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе