Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле, секако еден од најголемите на сите времиња, почина во 82-та година од животот.
Пеле, во својата 21-годишна кариера, постигна рекордни 1281 гол во 1 363 одиграни натпревари, вклучувајќи и 77 голови во 92-та одиграни мечеви за кариоките.
Како единствен фудбалер кој три пати го освоил Светското првенство, подигнувајќи го трофејот во 1958-та, 1962-та и 1970-тата година, ФИФА во 2000 -тата година, го прогласи Едсон Арантес До Насименто – Пеле за играч на векот.
Последните години од животот тој ги помина во борба со здравствени проблеми поврзани со рак на бубрезите и простатата.
