Вести Македонија Најважни

Сериозен пропуст е чувањето пресуда во фиока

Сериозен пропуст е чување судска пресуда во фиока девет месеци. Вака реагира Коалицијата „Сите за правично судење“, која од граѓанска позиција ги следи судските процеси.

Вчера, Телма објави дека судијата известител за пресудата на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, Енвер Беџети, девет месеци ја одолговлекувал постапката во Апелација. По јавната расправа во март, Беџети имал рок од два месеца да ја подготви пресудата и да ја сподели со колегите.

Наместо тоа, тој одолговлекувал со предлогот за поништување на пресудата од 12 години за масовното нелегално прислушување. Беџети се смета за најсериозен кандидат за судија во Врховниот суд, а по неговите стапки оди и синот, кој треба да стане судија по завршувањето на Академијата за судии и обвинители.

ВМРО ДПМНЕ обвини дека највисоките функционери во правосудството се бираат од партиските албуми на СДСМ и ДУИ.

СДСМ изрази разочарување од одлуката на Апелација и демантира дека се меша во судството.

Токму оценките со кои се изразува „загриженост“ или „згрозување“ од пресудата, одбраната на Мијалков го смета за директно мешање и притисок врз судската власт, која треба да биде независна. Според адвокатите, „ваквата хајка врз судиите“ ги нарушува правата на Мијалков на фер и правично судење. За изјавите на претседателот на државата, кој изрази шокираност и за разочараноста на министрите, ќе биде известен Судот за човекови права во Стразбур.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе