Спорт

Доминација на атлетичарите од Кенија

Катарската престолнина Доха беше 11-от домаќин на еден митинг од скратеното издание на Дијамантската лига во атлетика.

Покрај неколку нови национални рекорди најдобрите постигнувања ги имаа Кенијките Фејт Кипјегон и Хелен Обири, а поставен е и еден рекорд на митингот.

Кипјегон во трката на 800 метри забележа резултат од 1 минута 57 секунди и 68 стотинки што е најдобро време на светот во досегашниот тек од сезоната. Втора беше Естер Гереро од Шпанија додека третото место и припадна на Британката, Адел Трејси.

На 3000 метри Обири триумфираше со време од 8 минути 22 секунди и 68 стотинки што исто така е најдобро постигнување во светот годинава. Кениската доминација во оваа трка ја комплетираа Агнес Џебет Тироп и Беатрис Чекопеч кои се искачија на подиумот.

Во скок со стап жестока битка водеа тројцата најдобри во оваа дисциплина. Триумфираше светскиот рекордер Арман Дуплантис пред Сем Кендрикс и Рено Лавилени, а сите тројца забележаа височина од 5 метри и 82 сантиметри што е рекорд на митингот.

На најкусата патека во женска конкуренција славше олимписката шампионка од Рио, Елејн Томпсон од Јамајка додека на 100 метри со пречки триумф на Американката, Пејтон Чедвик. Кај мажите на 110 метри со пречки славеше Арон Малет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе