Македонија Топ вести

Родителите загрижени, идните првачиња со нетрпение го чекаат 1 октомври

Песна за опуштање и осознавање на способностите на идните првоодделенци.

Вака весело беше денеска во основното училиште „ Димитар Миладинов“, во скопската Општина Центар, каде идните првачиња со родителите дојдоа на запознавање со училиштето, наставничките, но и мерките за заштита од Ковид -19.

Се читаа списоците на класовите со првоодделенци, децата ги видоа училниците,  го учеа распоредот за движење со растојание,  при влегување и излегување, им се мереше температура и беа дезинфицирани.

Но, родителите се поделени околу примената на мерките од најмладите. Некои веруваат дека ќе се навикнат, а други се загрижени и очекуваат децата да бидат повеќе згрижени.

“Па гледате каков циркус е ова. Нема да се снајдат. До Нова година вака ќе пробуваат со мерки и после ќе се вратиме по старо” – вели татко на еден првоодделенец.

“Се надевам дека ќе научат да држат дистанца. Инаку тешко ќе биде, сепак се многу малечки” – изјави една мајка на првоодделенка.

“Мислам дека ќе биде во ред. Ќе се навикнат брзо. Не , немаат страв” – ни изјави татко на првоодделенец.

Наставничките сакаа да знаат какви се желбите на идните ученици.

А, и ние ги прашавме децата, што сакаат .

“Сакам најмногу да учам сè ” – ни рече едно момче.

“Да си играм со другарчињата”  – вели едно девојче.

Во училиштетото „Димитар Миладинов“, од 1 октомври, во школските клупи, поделени во 3 класа, ќе седнат вкупно 67 првоодделенци.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе