Вести Ковид19 Свет

СЗО: 90% од светското население има ниво на имунитет на Ковид-19

Светската здравствена организација изрази задоволство од фактот дека Кина релаксираше некои од своите рестрикции воведени во текот на пандемијата коронавирус, оценувајќи дека „многу е значајно владите да ги слушаат своите луѓе, кога тие страдаат“.

Според директорот на вонредни ситуации во СЗО, Мајкл Рајан, увезувањето на одредени вакцини, како оние на Фајзер и Модерна, претставуваат солидна опција за Кина за засилување на имунитетот во своето население.

Глобално, СЗО проценува дека светот е се поблиску до крајот на пандемијата, заради високата стапка на вакцинација, но и прележаност на вирусот.

„СЗО проценува дека најмалку 90% од светската популација веќе има барем некое ниво на имунитет на САРС-КоВ-2, заради претходна инфекција или вакцинација. Многу сме поблиску до тоа да може да кажеме дека вонредната фаза на пандемијата е завршена, но се уште не сме таму“ – вели Тедрос Гебрејесус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе