Вести Свет

Почина легендарната судијка – борец за правата на жените Рут Гинсбург

Американската икона во борбата за правата на жените – врховниот судија Рут Бадер Гинсбург почина во 87-мата година од животот. Долго се бореше со канцерот, иако примаше хемотерапии на две недели, продолжи со работата и неуморната борба за родовата еднаквост.

Гинсбург беше една од највлијателните жени во Соединетите држави, беше втора жена избрана да служи во Врховниот суд, а долго време беше и единствена во него, каде служеше цели 27 години.

„Не губиме само колега. Нашата нација загуби правник со историска големина – ќе соопштат од Врховниот суд.

Сепак, загубата на Гинсбург отвори ново поле на судир меѓу демократите и републиканците, на речиси месец и половина пред претседателските избори. Врховниот суд сега го губи идеолошкиот баланс, во кој седат пет конзервативни и четири либерални судии. Претседателот за смртта на Гинсбург дозна од новинарите, но рече дека Америка изгубила титан на правните науки и личност со брилијантен ум.

Почина ?

Не знаев. Сега од вас дознавам првпат. Водеше неверојатен живот. Што друго да се каже? Неверојатна жена , без оглед дали се согласувате или не, таа беше неверојатна жена која живееше неверојатен живот, рече Трамп.

Гинсбург беше назначена од претседателот Бил Клинтон во 1993-та, а сега на Трамп му се отвора можноста да именува трет судија, кој потоа треба да биде потврден од Сенатот, чие мнозинство пак се Републиканците кои највија дека секако ќе го поддржат предлогот на претседателот. Противкандидатот, демократот Џо Бајден, пак смета дека новиот судија треба да го именува победникот на претседателските избори во декември, со оглед на тоа што изборите се за 46 дена, што е премногу краток рок за именување на судија во највисокиот суд.

Но, нема сомнеж дека, да бидам јасен дека гласачите треба да го изберат прво претседателот, а потоа претседателот да го номинира судијата кој ќе го разгледа Сенатот, рече Џо Бајден. 

Ако биде изгласан кандидатот на Трамп, тогаш кревкото мнозинство на конзервативните судии ќе се зголеми, а со тоа и влијанието на конзервативците врз идната генерација на Американци.

Гинсбург во својот долг живот ги уриваше бариерите. Се бореше за правото на абортус, религиските права, правата на ЛГБТ заедницата. Уште од почетокот на нејзините студии на Харвард жонглираше меѓу одгледувањето на детето, грижата за болниот сопруг, и активностите на универзитетот. По долго поминатиот пат до местото во Врховниот суд, Гинсбург по назначувањето, ќе рече дека ќе се бори ќерките да бидат почитувани во американското општество исто како и синовите. Остави голема трага, и беше инспирација за многу жени да се одлучат да учат правни науки. За американската нација ќе остане херој.

 Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата, парното, ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе