Ковид19 Свет Топ вести

Европските земји разгледуваат повоторно воведувае рестриктивни мерки

Повеќе европски земји ја разгледуваат опцијата за повторно воведување на рестриктивни мерки по зголемувањето на бројот на новозаболени. Велика Британија, Франција, Шпанија, но и Чешка каде за прв пат беа забележани над 3000 случаи на новозаболени решија да ги засилат мерките. Велика Британија воведе построги мерки во делови од државата по што, според министерот за здравство Мет Хенкок, бројот на пациенти во болниците се удвојува на секои 8 денови.

„Последната одбранбена линија е национална акција. Не сакам да стигнеме до тоа, но ќе направиме се што е потребно да ги заштитиме луѓето во оваа многу тешка пандемија“ – Мет Хенкок – Министер за здравство на Велика Британија.

Израел вчера стана првата држава која повторно веведе рестриктивни мерки од пикот на епидемијата во текот на пролетните месеци. Мерките стапуваат на сила од денеска а премиерот Бенјамин Нетанјаху предупреди дека многу држави ќе бидат принудени повторно да воведат рестриктивни мерки.

„Во Австралија на пример, воведоа рестриктивни мерки во Викторија. Викторија има 6,6 милиони жители а нејзината територија е значително поголема од таа на Израел, така прават државите и проценувам дека сите во одреден момент ќе стигнат до тешката одлука со која се соочуваме, дали да воведеме генерално затварње. Мислам дека повеќето ќе немаат друг избор“ – Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Според Светската здравствена организација во текот на последните недели е регистриран поголем број на заболени на стариот континент отколку што имаше во пикот на пандемијата во Европа. Само минатата недела биле регистрирани 300.000 новозаболени во Европа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе