Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозии во Киев изутринава

/

Свет

Сподели преку :

Неколку експлозии утрово одекнаа во централниот дел на Киев.

Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека во областа Шевченко се слушнале две експлозии, пренесува Униан.

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак изјави дека руските сили го нападнале Киев со беспилотни летала камикази.

Русите мислат дека тоа ќе им помогне, но таквите акции се како агонија.

Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и тоа што е можно поскоро. Немаме време за бавна акција. Повеќе оружје за заштита на небото и уништување на непријателот. Така ќе биде – рече Јермак.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на сведоци, јавува дека во центарот на Киев се слушнале три експлозии.