Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пол ван Дајк и Пол Окенфолд во Струмица за 35 години независност на Македонија

/

Забава

Сподели преку :

Пол ван Дајк и Пол Окенфолд, едни од најголемите диџеи на денешницата, на 16 август ќе настапат во Струмица. Се очекува на настанот да дојдат 15 000 посетители од земјава, кажа Бобан Милошески од Авалон продукција на денешната прес конференција.

Според портпаролката на Владата, Марија Митева, овој настап е дел од програмата за прославата на 35 години независност на Македонија. Таа ќе започне на 2. Август со голем концерт во Битола, а ќе заврши на 8 септември во Скопје , со настап на диџејот Дејвид Гета на Градскиот стадион.

„На 16. август во недела, баш овде во Градскиот парк ќе имаме заеднички настап на двајцата, можеби, сигурно меѓу десетте најголеми, највлијателни диџеи на сите времиња, Пол ван Дајк и Пол Окенфолд, заедно, ексклузивно ќе настапат во Струмица , во склоп на оваа манифестација, што навистина мислам дека е голема работа и за Македонија и за регионот“, рече Бобан Милошески од Авалон продукција.

„На 2. Август сѐ започнува со голем концерт во Битола. Имавме прес конференција на која објавивме дека над 120 македонски уметници низ повеќе градови ќе бидат , низ Македонија во текот на целиот месец август. Почнуваме од 2. Август и со централниот настан на 8. Септември на Дејвид Гета, на Градскиот стадион, ќе го заокружиме концептот околу одбележувањето“, вели Марија Митева, портпаролка на Владата на Македонија.

Сотир Трајков