Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Собранието итна седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност

/

Вести

Сподели преку :

Собранието за денеска закажа седница на комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

На седницата треба да се определи датум за посета на АНБ. Според објавените информации собранискиот спикер Африм  Гаши ја делегирал Славјанка Петровска да претседава со комисијата.

Претседател на комисијата е Скендер Реџепи, но тој претходно на прес-конференција соопшти дека нема да ја закаже седницата бидејќи нема безбедносен сертификат и не може да учествува во надзорната посета на тајната служба.

Гаши одлуката ја донел само ден по барањрто на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се изврши посета на АНБ.

Седницата има едиствена точка на дневен ред: Предлог на заклучок за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност.

Ако има злоупотреби во државни тајни и доверливи документи- Законот дозволува да се објават

Законски смеат да се објават спорните документи за следење во АНБ доколку содржат злоупотреби и кривични дела со следење политичари и новинари. Сите класифицирани информации кои содржат злоупотреби или кривични дела не се сметаат за тајни и доверливи документи, стои во законот за класифицирани информации. Тоа значи дека информациите кои ги објави АНБ за следење… Продолжи со читање

telma.com.mk