Украинската армија тврди дека Русија лансирала 16 камиказе дронови во текот на минатата ноќ на цели во државата, но противвоздушната одбрана на земјата успеала да ги собори сите.
Според генералштабот на Украинските воздушни сили, Русија лансирала 85 проектили, 35 воздушни напади и 63 напади со повеќецевни ракетни системи во минатите 24 часа. Бомбардирани биле цивилни цели во 20 населени места а најжестоките напади биле во градот Бахмут, како и во регионите Херсон и Запорожние.
По бомбардирањето, голем дел од Украина повторно остана без електрична енергија.
Има уште два дена во годината. Можеби непријателот повторно ќе се обиде да не присили да ја прославиме новата година во мрак. Можеби, окупаторите планираат да не присилат да страдаме со наредните напади на нашите градови. Но, што и да планираат, една работа знаеме за нас: ќе преживееме. Ќе успееме. Ќе ги протераме. Нема сомнеж за тоа. И тие ќе бидат казнети за оваа ужасна војна, порача зеленски.
Русија потврди дека спровела серија напади со проектили, но цел била Украинската воена команда и енергетските капацитети.
Целта на нападот беше постигната, ги погодивме сите таргетирани објекти. Како резултат на нападот, производството и поправката на воената опрема и испраќањето муниција беа запрени, како и трансферот на резервистите на Украинските армиски сили од западните региони на Украина. Како резултат на прекинатиот железнички сообраќај, странското оружје кое им се доставува на Украинските вооружени сили, беше блокирано далеку од фронтот, вели портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор конашенков.
Западната осуда на Русија и огромната воена помош за Украина, како и санкциите против официјален Кремљ ја променија рамнотежата на силите во геополитичката арена. Економската, политичката, но и воената соработка меѓу Русија и Кина никогаш не била поголема и поинтензива, со можности за нејзино зголемување, оцени во телефонскиот разговор со кинескиот лидер, Си Џинпинг, претседателот на Русија Владимир Путин.
И покрај непријатната надворешна ситуација, незаконските санкции и директните уцени од некои Западни земји, Русија и Кина успешно остварија рекордно висока стапка на заедничка трговија. До крајот на годината, ќе се зголеми за околу 25%. Со таква динамика, ќе успееме предвреме да ја оствариме целта од 200 милијарди долари до 2024-година, рече путин.
Кина, чиј став е дека „нема ограничувања“ во соработката со Русија, одбива да ја критикува Мосвка заради инвазијата на Украина, обвинувајќи ги Соединетите држави и НАТО за провокација на официјален Кремљ.
Никола Илиевски












