Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди кинескиот регион Тибет синоќа при што загинаа најмалку 16 лица, а 54 се повредени. Стотици куќи се срушени во северниот регионален град Нагку, соопштија официјалните медиуми.
Напорите за пребарување и спасување продолжија по уривањето на најмалку 339 куќи и 20 штали за добиток.
Повеќе од 1.600 луѓе од локалниот округ се распоредени за спасувачките операции. Во регионот пристигнаа залихи, вклучувајќи 1.000 префабрикувани станбени единици, околу 3.000 шатори и кревети на расклопување, како и фенери и зимска облека.












