Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Русија сè повеќе ја чувствува војната на своја територија

/

Свет

Сподели преку :

Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната сè повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна сè повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски.

Зеленски додаде дека биле погодени руски противвоздушни ракетни системи и радарски станици, како и руска инфраструктура во Азовскиот и Црноморскиот регион.

Тој се осврна и на последиците од руските напади врз украинските градови и региони, меѓу кои Одеса, Харков, Павлоград, Херсон, Сумската и Житомирската област.

„Сè уште траат работите во Одеса по рускиот напад. Имаше прекини на струјата и водата, сите служби се ангажирани за да се обнови снабдувањето. Утрово без струја во Одеса и областа беа повеќе од 300 илјади семејства, а сега една третина повторно е приклучена. Работите продолжуваат“, рече тој.

Зеленски се заблагодари на екипите на Државната служба за вонредни ситуации на Украина и на сите ангажирани во обновувањето на уништената инфраструктура и нормализирање на состојбите во градот.