Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Ослободени 26 населени места и 745 квадратни километри

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинските сили годинава вратиле под своја контрола 745 квадратни километри окупирана територија и 26 населени места на југоисточниот фронт.

Според Зеленски, операцијата се одвива според планот и е спроведена од воздушно-десантни и други украински единици долж 60 километарскиот фронт, на подрачјето меѓу Дњепропетровската, Доњецката и Запоришката област.

Сепак, украинската група за мапирање „DeepState“ оценува дека значителен дел од територијата е во „сива зона“, а дел сè уште е под руска контрола.

Меѓувреме, руското напредување на повеќе делови од фронтот е забавено, но борбите продолжуваат.