Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски очекува трилатерална средба во октомври

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се надева оти САД ќе успеат во октомври да организираат тристранска средба меѓу Украина, Русија и Вашингтон.

Тој рече дека украинската страна е подготвена за разговори, но дека е потребна и подготвеност од Москва.

Зеленски оцени дека Русија продолжува со ескалација наместо да се насочува кон преговори. Според него, Москва се фокусира на напади врз Украина и активности за дестабилизација во Европа.

Украинскиот претседател ги повика САД и другите сојузници да извршат притисок врз Русија за да се насочи кон дипломатија и конкретни чекори кон прекин на борбите.