Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не добиле предупредувања од партнерите за синоќешниот напад врз Киев со пет балистички проектили.
„Исто така дојде до прилично жесток балистички ракетен напад врз Киев, со пет проектили кои погодија цивилна инфраструктура. За жал, немаше предупредување од нашите партнери во врска со нападот. Разузнавачки податоци за лансирање на руски балистички ракети помагаат во спасувањето на човечки животи, а тоа е едно од најкритичните прашања. Токму тоа помага во спречување на смртни случаи, кога постои предупредување за балистички ракети“, рече Зеленски.












