Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција

/

Свет

Сподели преку :

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва поднесе оставка од функцијата за да може да учествува во предизборната кампања за парламентарните избори што се закажани на 25 октомври.

Тој на претпоследниот ден од неговиот мандат помилувал 49 лица, од кои 23 биле поврзани со протестите што траат речиси две години, потоа 12 луѓе од „Новoсадската група“, како и 11 лица, кои учествувале во инциденти против „блокадерите“.

Вучиќ посочи дека утре ќе ги предаде своите должности на претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ, која ќе биде вршител на должноста претседател на Србија, како и дека првиот круг од претседателските избори ќе мора да се одржи до крајот на декември.