Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Водостоите на европските реки продолжуваат да опаѓаат

/

Свет

Сподели преку :

Нискиот водостој на најголемите европски реки е речиси на кризно ниско ниво, а оваа ситуација веќе има домино ефект кај европските економии, погодувајќи го производството на храна и енергија, како и транспортот.

„Едноставно е толку суво што посевите чија жетва допрва престои, не може да биде направена правилно, затоа што потребна е влага во почвата да ги ископате. Така што, да, звучи чудно всушност, вели Мартен Јансе – земјоделец од Холандија.“

Транспортот на Рајна, но и повеќето европски реки и канали веќе мораше да биде преполовен, но позагрижувачко од тоа се последиците кои ниските водостои го имаат врз производството на електрична енергија.

Романија денска соопшти дека нејзината нуклеарна централа Чернавода ја започнала процедурата за исклучување и на вториот реактор, затоа што Дунав нема доволно вода за негово ладење. Пред 10 денови романската армија минираше карпа и потопи неколку бродови полни со камења за да го зголеми нивото на водниот тек до потребното за ладење на реакторите во нуклеарната централа.

„180 килограми експлозив беа поставени до основата на карпата, нукрачите поставија и од другата страна. Без разлика на крајните последици врз централата Чернавода, отстранувањето на карпата беше неопходно, како за пловење така и за олеснување на чистењето на речното дно во иднина, истакнува Раду Мирута – Министер за одбрана на Романија.“

Нискиот водостој на европските реки е последица од значителното намалување на врнежите на Стариот континент, кое започна уште од минатата година. Западниот дел на Европа сепак е во малку подобра состојба за разлика од источниот.

„На источната страна ова е подолготраен проблем, а дефицитот на врнежи и влажност на почвата беше забележлив уште од втората половина на 2024, о како последица на оваа суша е опаѓањето на водостоите на најголемите реки, а тоа, во основа, има влијание и врз снабдувањето со вода, објаснува Мириам Закариа – Кралски колеџ во Лондон.“

Минатиот месец, научници од 12 европски земји објавија студија во посочуваат дека климатските промени ги мултиплицираат високите температури, сушата и шумските пожари.

Анализирајќи ги временските услови во првата половина на годината, тие заклучиле дека главната причина за појавата на суша не е недостатокот на врнежи, туку зголемувањето на просечната температура.

Според студијата, во наредните години можноста за појава на суша кај земјоделските површини во Западна Европа ќе биде за пет пати повисока, но Источна Европа ќе биде уште попогодена, затоа што шансите дека таму ќе бидат повисоки за дури 11 пати.

Игор Трајков