Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Грција за една недела починале пет лица од вирусот Западен Нил

/

Свет

Сподели преку :

58 нови случаи на вирусот Западен Нил во Грција, додека за една недела починале починале петмина луѓе, а вкупниот број на дијагностицирани и пријавени случаи од почетокот на оваа вирусна сезона е зголемен на 290 со регистрирани 24 смртни случаи, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје.

Од вкупниот број заразени, 199 лица се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), а кај 91 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.

Од заразените, 63 лица се хоспитализирани, 182 пациенти биле пуштен од болница, а за 21 од случаите не била потребна хоспитализација.

Во однос на починатите 24 лица, сите биле на возраст над 65 години, со просечна возраст од 83 години.

Доколку се анализираат официјалните податоци, повеќе од половина од случаите (вкупно 163) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а останатите се во регионот Тесалија, во северна и центарлна Грција, на Пелопонез и на Крит, додека пак 14 случаи се во фаза на епидемиолошко истражување.

 

Според ЕОДИ, во текот на 2026 година, заклучно со вчера, случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил во Грција се регистрирани во 69 општина во земјата и во 20 регионални единици.

Седми починат пациент со западнонилска треска – најновиот суспектен случај е од Радишани

Нов, седми, смртен случај од западнонилска треска и уште еден суспектен, рече министерот за здравство, Сашо Клековски. „Починатиот пациент беше најдолго хоспитализиран, преку 38 дена и имаме еден нов сомнителен случај од моето последно известување. Состојбата на хоспитализација е иста. Мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај. Починатиот е од… Продолжи со читање

telma.com.mk