Судењето на поранешен украински армиски офицер, Сергеј Кузнецов, обвинет за организирање и спроведување на експлозиите во гасоводот Северен тек 2 во 2022 година.
Германските истражни органи го товарат Кузнецов за предизвикување експлозија, оштетување имот, нарушување на јавни услуги и соучесништво во воени злосторства, како што германските закони ги класифицираат нападите врз цивилна инфраструктура.
Судењето за овој настан кој европската јавност го смета за најсериозниот чин на саботажа во Европа по завршувањето на Втората Светска Војна, се одржува во Хамбург и очекувано, го привлекува вниманието на целиот свет.
Всушност, можевме да видиме уште пред почетокот дека навистина има надпросечен интерес од медиумите, и не само од Германија, туку од многу други земји. Над 100 претставници на медиумите официјално се акредитираа, а бројни дополнителни барања беа примени и по истекот на рокот, и сите тие претставници на медиумите се овде денеска. Меѓу нив има претставници од САД, Русија, Украина, како и од Франција и Обединетото Кралство. Кинеска телевизиска екипа, исто така, најави присуство. Сето ова покажува дека очите на светот, вклучувајќи го и Вишиот регионален суд, навистина се фокусирани на денешниот процес, и дека интересот е доста поголем отколку што нормално е случај во многу од процесите овде во Хамбург, изјави Марајк Францен, судијка во Вишиот регионален суд.
Иако за двете експлозии на гасоводот кој транспортираше руски гас до Германија, а кои се случија на 26 септември 2022 година, светската јавност првично ја обвини Русија, германските истражители уште на почетокот на истрагата детектираа можна поврзаност на украински служби со саботажата, и покрај тоа што Украина ја смета Германија за една од своите најблиски сојузнички.












