Една од најпрепознатливите македонски народни песни, „На Струга дуќан да имам“, се слуша во новиот филм „The Rivals of Amziah King“, со познатите холивудски актери Метју Меконахи и Курт Расел.
Филмот е американски неовестерн трилер во режија на Ендру Патерсон, а од 14 август се прикажува во кината во САД.
Сцената во која може да се слушне македонската песна ја објави „Комикс.мк“, споделувајќи ја на Инстаграм.
View this post on Instagram












