Шпанската полиција постави 500 метри долга лебдечка бариера во енклавата Сеута по масовните преминувања на мигранти.
Oколу 50.000 луѓе преминале на шпанска територија по копно и море, ставајќи рекорден притисок врз оваа ретка копнена граница меѓу Европската Унија и Африка. Овој невиден бран на миграција заврши трагично, со губење на голем број човечки животи.
Според шпанските власти, повеќе од 48.000 мигранти веќе се вратени во Мароко во рок од 48 часа, без поголеми инциденти. Од утрово војска и полиција патролираат на плажата Тарахал во сабота.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и на Мароко, мнозинството од мигрантите кои илегално влегоа во северноафриканската шпанска ексклава Сеута се вратени назад во Мароко и дека ниту еден од нив не стигнал до европското копно, самата Шпанија која се наоѓа на… Продолжи со читање












