Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Повторно протести во Париз пред обраќањето на Емануел Макрон

/

Свет

Сподели преку :

Улиците на Париз пред обраќањето на Макрон, кое се очекува во 20 часот, попладнево повторно почнаа да се полнат со демонстранти.

Демонстраните реагираат на зголемените трошоци за живот и лошите услови во училиштата. Денеска велат дека не очекуваат нешто да се промени по обраќањето на францускиот претседател Емануел Макрон.

По насилните протести вчера само во Париз се уапсени рекордни 855 луѓе, повредени се 13 полицајци и двајца пожарникари. Според полицијата, во насилствата учествувале невообичаено големи организирани групи со 500 до 1.000 луѓе. Повредени се и голем број на демонстранти, медиумите јавуваат и за еден починат кому му се слошило за време на протестната поворка.