Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Наскоро би можела да гори цела Европа – предупредување од Брисел

/

Свет

Сподели преку :

На почетокот на август би можела да гори цела Европа, предупреди агенцијата на Европската Унија (ЕУ). Големи пожари се веќе активни во Франција, во Шпанија и во Португалија, а сè поголема е загриженоста за избувнување на нови во Италија, во Грција и во централна Европа.

Во Грција и официјално е потврдена смрт на тројца пожарникари, нивните колеги во Шпанија и во Португалија, пак, успеаја да стекнат контрола врз огнените стихии што се закануваа на градовите.

Според податоци објавени денеска, оваа година изгореле 435.000 хектари површина што е речиси тројно повеќе од историскиот просек. Бројот на регистрирани пожари во 2026 година е 1.400 или двојно повеќе од вообичаениот број. Во Франција досега изгореа 91.000 хектари земја, во Шпанија вкупно 207.000 хектари.

Пожарите ширум Европа летово во голема мера се предизвикани од климатските промени. Серијата на топлотни бранови ја исуши вегетацијата и создаде голема количина на запалив материјал поради што и малите пожари брзо се шират, но и тешко се контролираат.