Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Хаос и тепачка меѓу пратениците во албанското Собрание

/

Свет

Сподели преку :

Албанскиот парламент беше сцена на тензии и физички напади меѓу претставниците на мнозинството и опозицијата, по што настана општ хаос меѓу пратениците.

Ситуацијата како што јавуваат албанските медиуми ескалирала кога опозицискиот пратеник Фидел Крека го удри уредот за гласање, а потоа го турна поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој инцидент предизвика директна пресметка меѓу двајцата.


За време на инцидентите во салата, пред зградата на Парламентот  е собрана голема група  демонстранти, каде што се распоредени и силни полициски сили.