Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Големи шумски пожари во Вашингтон, наредена е евакуација

/

Свет

Сподели преку :

Eвакуација на околу 60.000 жители поради големите шумски пожари што го загрозуваат градот Спокејн и околните населени места наредија властите во Вашингтон.

Досега се уништени над 600 објекти од пожарите, меѓу кои семејни куќи и деловни простории.

Според службите, пожарот се состои од три одделни жаришта кои и натаму се шират и претставуваат сериозна закана за областите под наредба за евакуација.

Огнената стихија зафатила околу 2.180 хектари земјиште, а пожарникарите сè уште не успеваат да ги стават пожарите под контрола.