Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Големи пожари во Турција, се евакуира населението

/

Свет

Сподели преку :

Голем пожар во турската покраина Мугла предизвика евакуација на населението. Како превентивна мерка, 65 жители од 43 куќи во близина на пожарот беа евакуирани.

Поради ризикот од ширење на пожарот, евакуирани се и одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер, која се наоѓа на околу 2,5 километри од зоната на пожарот.

Пожарот избувнал наутро на земјоделско земјиште во округот Сејдикемер, а силните ветрови набрзо го прошириле на блиската шумска област.

400 пожарникари и членови на службите за итни случаи, со поддршка на пет противпожарни авиони, 12 хеликоптери и бројна копнена механизација се ангажирани во гаснењето на пожарот.