Блогерка од Чешка која патува низ Европа, била изненадена од цените на лежалките во црногорските летувалишта Милочер и Свети Стефан. Кејт на својот инстаграм профил објаву видео во кое вели дека за да користи лежалки на Свети Стефан и било побарано 200 евра.
–200 евра за две лежалки и чадор? Навистина?! Дури ниту на Сејшелите или Фиџи не сум го видела тоа! Па, за среќа, сè уште постојат некои јавни опции… ќе видиме до кога“, напишала девојката која се претставува на Инстаграм како „Кејт и Пинки“ (Kate & Pinky) заедно со видео на кое ги посетува плажите на овие два луксузни црногорски летувалишта. – Значи, ако сакате да останете на оваа плажа зад мене (Краличина плажа), изгледа дека мора да платите 200 евра за стол и лежалка“, рекла таа на почетокот, вели таа во видеото кое стана вирално.
View this post on Instagram
Сепак таа не застанала тука ја посетила плажата од другата страна на островот, која е јавна, а таму и било побарано да плати 50 евра за две лежалки, сепак блогерката на крај одлучила дека песокот е најдоброто решение за неа.
–Во првиот ред можете да добиете две лежалки за 50 евра, а во последниот ред две лежалки за 30 евра. Бидејќи патувам сама, ќе одам и ќе се сместам таму на песокот, пишува Кејт.












