Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вештачката интелигенција на ОпенАИ хакирала државен австралиски портал

/

Свет

Сподели преку :

Првиот случај на вештачка интелигенција која хакирала владина институција се случил во Австралија, информира премиерот Ентони Албанезе. Хакирањето било врз порталот за статистика на австралиската здравствена програма Медикер, и го направила вештачката интелигенција на ОпенАИ, а се случил во јуни годинава. ОпенАИ за тоа дознале во август, а австралиската влада ја информирале дури на почетокот од септември.

Агентот на моделот на вештачката интелигенција прво побарал информации, и откако тоа барање било одбиено започнал, нешто што се нарекува, несоодветно однесување и неовластено влегол на порталот во обид да ја добие таа информација. Ова е многу сериозен инцидент, и како што синоќа јасно порача премиерот Албанезе, ова е сосема неприфатливо, изјави австралискиот министер за одбрана Ричард марлес.

Австралиската влада за случајот дознала од американската компанија и премиерот Албанезе не го криеше гневот, поради начинот на кој Австралија била информирана. Австралискиот премиер соопшти дека ОпенАИ за инцидентот ја известил австралиската влада дури на 10 септември и тоа преку јавна електронска пошта на владината канцеларија за јавно услуги, кој не бил проверуван редовно.

Исто така го изразив моето разочарување поради тоа што на компанијата ѝ беше потребно толку долго време да ја информира владата што се случило и начинот на кој бевме информирани е неприфатлив. Денеска, го објавувам формирањето на работна група која ќе направи итна проценка на овој инцидент за да утврдиме дали моменталните процеси се соодветни за соочување со сајбер инциденти поврзани со вештачка интелигенција, рече премиерот албанезе.

Електронската пошта со известувањето биле откриена на 15 септември и канцеларијата за јавни услуги веднаш го известил австралискиот Центар за сајбер безбедност кој дури неколку денови подоцна ја известил австралиската влада.

Покрај тоа што на ОпенАИ му биле потребни три месеци да ја извести Австралија, и тоа го направиле преку малку користена адреса за електронска пошта, овој инцидент на површина ја извади и комплетната неподготвеност на државните институции да се справат со вакви инциденти.

Игор Трајков